Македонија вмро дпмне

Андоновски: Неказнивоста создаде параполитички полусвет финансиран од државни институции

Тој посочи дека во моментов за жал дебаклот на ова македонско општество се гледа во тоа дека се жнеаат недостатоците на оваа Влада изминатите 7 години.

Андоновски: Неказнивоста создаде параполитички полусвет финансиран од државни институции

„Кога создавате еден монструм и го храните тој монструм ќе ви избега од контрола и ќе направи монструозни работи затоа што во суштина е монструм. Таа политика на неказнивост на некои луѓе им дава да купат трговски центар на 26 години, некои други им дава да станат милионери преку ноќ и да приватизираат државна лотарија, на некои трети им дава нивните сопрузи да купуваат фабрики, фирми за производство на соларна енергија од соларни панели и во исто време имате граѓани кои немаат никакви основни права во сообраќај, економска шанса, шанса да просперираат, да се вработат на добро работно место“, истакна Стефан Андоновски секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ и советник во Советот на Град Скопје.

Тој посочи дека во моментов за жал дебаклот на ова македонско општество се гледа во тоа дека се жнеаат недостатоците на оваа Влада изминатите 7 години.

„Во исто време еден параполитички полусвет го финансирате активно затоа што за порталите каде тој човек настапувал има кредибилни информации во јавноста дека биле финансирани и од државни институции“, кажа Андоновски.

Тој посочи дека според изјавата на Агелер се знаеле криминалците, но се толелирале.

„Во овој случај монструмот е инфилтрант на власта во десницата, не во ВМРО-ДПМНЕ туку во пошироката десница за да одвлекува гласови главно од ВМРО-ДПМНЕ и вакви проекти власта има правено подолго време не е прв пат“, вели Андоновски.

Тој е дециден дека тој монструм е толериран од оваа Влада.

„Толелирањето на овој човек го прави оваа Влада и ниту еден друг човек затоа што не знаевме дека овој човек има снимки во времето на ВМРО-ДПМНЕ и не се заканувал во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Овој човек и слични инфилтранти во десницата го прават впрочем најголемата штета на опозицијата во Македонија затоа што се порадикални, подиректни, ветуваат колења, бесења на политичари од другата страна за да ВМРО-ДПМНЕ излегува млако во средината“, заклучи Андоновски.

Најнови вести од Македонија

To top