Македонија

Андоновски: Наместо намалување на институциите, ДУИ и СДСМ ги преполнуваат институциите со партиски послушници

Според Интегрираниот план кој е усвоен од Влада, треба да има 96 органи на државна управа, а самата Влада утврдила таргет од најмногу 110 органи на државната управа. Спротивно на тоа, се предлагаат нови закони за формирање на нови институции, со што би се приближиле до бројка од 150 институции, изјави дополнителниот заменик на министерот за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, во гостувањето на “Click Plus” на ТВ 21.

Андоновски: Наместо намалување на институциите, ДУИ и СДСМ ги преполнуваат институциите со партиски послушници

Дополнително, Андоновски ги коментираше вработувањата во јавниот сектор пред изборите.

“Во ЕТУ центарот во Тетово до пред година-две имало 4 вработени, па се објавија огласи за уште 5 и сега има 9 вработени. Потреба за тоа воопшто нема, односно според податоците од системот во март 2024 имало опслужено само 1 клиент, а веќе сме 20 март. За овие едноцифрени услуги државата потрошила илјадници евра на плати, за греење на просторот, за електрична енергија. Неопходна е сериозна реорганизација на системот”, истакна Андоновски.

„Очигледно е дека распоредот на вработување е таков што недостасуваат вработени во клучни сектори, а се преполнуваат со профили кои не се потребни.“, заклучи Андоновски.

To top