Македонија Ни трага ни глас од владините претставници

Андоновски: Извештајот на ЕК е најлош извештај кој досега го имала Македонија, од владините претставници нема ни трага ни глас

Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во радио Лидер зборуваше за извештајот на ЕК и потенцираше дека со овој извештај се покажа стагнацијата на државата односно дека нема напредок во ниту една област во државата.

Андоновски: Извештајот на ЕК е најлош извештај кој досега го имала Македонија, од владините претставници нема ни трага ни глас

– Овој извештај прво во насловот стои „progress report“ односно значи извештај за напредок на државата, јас го нареков извештај за стагнација на државата затоа што не станува збор за напредок скоро во ниту една важна област која што им е важна и на граѓаните и е важна и на ЕУ. Извештајот не е нешто што е подложно на толкување, оценките се даваат по пет скалила, од нема напредок, па се до има одличен напредок и оценките буквално како од 1 до 5 во основно училиште и овде средната оценка е 1,5, рече Андоновски.

Андоновски во текот на своето гостување укажа дека со извештајот на ЕК се покажа дека ние како држава воопшто немаме напредок во борбата со корупцијата и судството.

– Ситуацијата е таква да вие ако немате прогрес на борба против корупција, а имате одличен прогрес на заштита на рибарството, тоа едното со другото не се споредува. Значи таму има поглавја и кластери кои што се исклучително важни особено за држава како Македонија и поглавја и кластери кои или сме постигнале во 2012 година напредок и веќе нема потреба вие дополнително да напредувате. Пример ако системот на катастар бил воведен во 2012 година, вие нема што да напредувате во таа област, односно имате одличен напредок затоа што сте целосно во согласност со правилата на ЕУ. Но, во борбата со корупцијата каде што сте 100 години назад, позади Шведска, позади Холандија, вие таму треба да имате цело време одличен напредок за да ги стасате. Во оваа ситуација после подолго време ние воопшто немаме напредок во оваа област, особено во борба против корупцијата и во судство, вели Андоновски.

Според Андоновски станува збор за една негативна ситуација и за еден од најлошите извештаи.

– На пример зборот limited progress во извештајот освен како главна оценка, во низа извештајот се наоѓа повеќе од 50 пати, што значи дека ограничен напредок е 2 оценка, ги имате и по под областите, не само во главните. Станува збор навистина за една навистина негативна ситуација, еден од барем јас што се сеќавам еден од најлошите, можеби и најлошиот извештај што сум го следел затоа што во секој од поглавјата и во секој од кластерите вие имате limited progress, ви провејува низ текстот, независно што можеби главната оценка ќе биде некој модерен прогрес внатре во самиот извештај е ограничен напредокот, скоро и да нема напредок, кажа Андоновски.

Адоновски на посочи дека порано ваквите извештаи се очекувале со нетрпение, се правеле прес конференции, панел дискусии, а сега нема ни трага ни глас од владините претставници.

-Мислам дека треба да кажам и зошто е главен извештајот? Зошто ако се сеќаваме порано со нетрпение се очекуваше извештајот, па се правеа прес конференции, па се правеа панел дикскусии, се организраа специјални настани за тоа, а оваа година владата се крие, 24 часа ни трага ни глас од владините претавници, додаде Андоновски.

To top