Македонија

Андоновски и Петрушевска на средба со високи претставници на Европската комисија

Андоновски и Петрушевска на средба со високи претставници на Европската комисија

Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски и пратеничката во македонското Собрание, Марија Петрушевска, денес остварија средба со Иво Шуте, заменик раководител на одделот за Западен Балкан на Службата за надворешни работи на Европската комисија, како и заменикот шеф на делегацијата на ЕУ во Скопје, Бен Нупнау.

Соговорниците се согласија дека пристапувањето на Македонија кон Европската Унија е од исклучително значење за Македонија, како и од стратегиско значење за Унијата.

На средбата беше истакната подготвеноста на Македонија да продолжи со процесот на евроинтеграцијата, почитувајќи ги македонските национални интереси.

Андоновски истакна дека македонската евроинтеграција е предолго обременета со национални разочарувања, нереални ветувања, откажувања и недостаток на реални решенија. Оттука, новата Влада сериозно ќе се посвети на завршување на домашната задача која значи реформи, истовремено градејќи добрососедски односи за надминување на проблемите, со целосно почитување на македонскиот многувековен идентитет, јазик и македонските национални херои.

„Владата на СДС и ДУИ предолго се служеше со убави зборови со меѓународната заедница, истовремено крадејќи ги сопствените граѓани. Нема реформи во јавната администрација, нема напредок, но затоа има милионски имоти на децата на владините функционери“.

Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе гради партнерски односи во соседството и поширокиот европски регион, со цел вистинска интеграција кон ЕУ и европеизација на македонското општество.

To top