Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска се во дводневна посета на Вашингтон, САД и учество на светскиот форум на Меѓународната демократска унија (IDU).
На Форумот свое обраќање имаше новоназначениот Советник за национална безбедност на идниот Претседател на САД, Мајк Валц, Претседателот на Републиканската партија, новата претседателка на Британската Конзервативна партија, бројни сенатори и конгресмени на Републиканската партија.
Андоновски се обрати на состанокот на Извршниот комитет на IDU во кој ја истакна посветеноста на новата Влада на Македонија кон реформите, даночната политика која привлекува инвестиции, поддршката за малите и средните претпријатија преку историски кредити со најниски каматни стапки, вложувањето во дигитализација и политиките на отворени врати за светските бизниси.
ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажува дека е дел од најзначајните светски настани на десничарските партии.