Македонија „Зелено светло“ од експертите

Анализа: Познавачите едногласни – Акциите на МВР за поздравување, одличен чекор во стабилизација на девастираниот државен систем

Очекувањата на сите се дека ваквите акции и битката со криминалот и корупцијата ќе продолжат, за што МВР и министерот Тошковски имаат јасно „зелено светло“ од експертите, но и што е поважно – од целата македонска јавност. Професори, новинари, дури и поранешни високо позиционирани членови на СДСМ дадоа силна поддршка на полицијата за враќање на правната држава и стабилизирање на девастираниот систем.

Анализа: Познавачите едногласни – Акциите на МВР за поздравување, одличен чекор во стабилизација на девастираниот државен систем

Вчерашниот ден беше ден за паметење во Македонија, акт кој треба да стане неизоставен дел од полициските прирачници, ценат познавачите. Во еден ист ден се соопштија детали и резултати од три обемни акции за кои Министерството за внатрешни работи во изминатите денови спроведе неколку полициски истраги, при кои што беа извршени претреси на повеќе локации во Македонија, во истите беа уапсени повеќе лица, а во една од акциите се трага по поранешниот вицпремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна лотарија Прпарим Бајрами, разбиена беше и мафијашко-криминална група од Скопје и скопско, како и неутрализирана терористичка ќелија во струшко-гостиварскиот регион, при што биле уапсени 4 лица кои планирале терористички напади по земјата.

Ваквите акции на полицијата се за поздравување и одличен чекор во борбата против криминалот и корупцијата велат експертите од одбласта на безбедноста, ценат дека истите треба да продолжат и во иднина и конечно да дојде крај за недопирливи во Македонија.

Универитетскиот професор по одбрана и безбедност, Александар Нацев смета дека Владата и МВР со ваквата иницјатива покажуваат дека се подготвени во борбата со криминалот и корупцијата и справување со сите криминогени чинители во општеството.

-Она што можевме да го видиме последните денови претставува одличен чекор во борбата со криминалот и корупцијата и може да се каже одлучен чекор во справувањето на МВР со сите криминогени чинители во општеството, вели проф. д-р Нацев во изјава за Курир.

-Владата, министерството преку оваа иницијатива покажуваат дека се подготвени за борба против криминалот и корупцијата во Македонија и дека веќе нема да биде она стара мантра „како до сега“, смета Нацев.

Ваквиот тренд вели Нацев треба да има одреден континуитет и да продолжи во иднина, како и тоа дека е дојдено време да нема недопирливи во Македонија, кои во минатото добивале помош од одредени структури внатре во безбедносни институции.

Добро е овој тренд да има одреден континуитет и да продолжи во иднина и конечно да дојде времето да нема недопирливи во нашата држава, и сите оние криминалци или криминогени фактори кои подолго време се сокриваа и добиваа помош од одредени структури внатре во безбедносни институции, време е сето тоа да престане, конечно да имаме една резулутна борба против криминалот и корупцијата во Македонија, дециден е професор Нацев.

Дека граѓаните, но и бизнисот, позитивно реагираат на најновите акции на Полицијата и органите на прогонот за сузбивање на криминални групи, како и на серијата претреси кои се вршат за гонење на организиран криминал докажа и изјавата на поранешниот потпретседател на СДСМ, Зоран Јовановски:

„Вечерва, најголем дел од вестите на сите телевизии отпаѓа на изјави и вести за преземени активности на Министерството за внатрешни работи. Мислам дека тоа е тоа што го очекуваше и за што гласаше огромно мнозинство граѓани во земјава. И ова треба да продолжи“, пиша Зоран Јовановски, потпретседател на Стопанската комора на Македонија и поранешен втор човек на СДСМ.

И новинарот и колумнист Дарко Јаневски смета дека ова е почеток на една сеопфатна борба против корупцијата и цени дека ова е ситуација во која или ќе се воспостави ред и ќе почне да функционира системот или државата нема да ја биде.

-Ова што се случува го гледам како еден почеток на една сопфатна борба против корупцијата. Јас тоа многу пати сум го кажал, или Македонија ќе се исчисти, или нема да ја има, нема да ја биде, рече Јаневски во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа и цени дека ова е ситуација во која или ќе се воспостави ред и ќе почне да функционира системот или државата нема да ја биде и ќе пропадне бидејќи луѓето не веруваат во неа.

Политичкиот аналитичар Сефер Селими, во емисијата клик плус, на телевизија 21, каде гостин беше претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во насока на последните акции на МВР против криминалот и корупцијата истакна:

-Ова е за поздравување, јас не верувам дека има некој чесен граѓанин, во ова држава, кој не ја поздравува и не ја подржува оваа борба против сите оние поединци кои ја злоупотребиле и функцијата и довербата, дадена од граѓаните но и од политичките структури, истакна Селими.

Хронолошки, претрес беше извршен во домовите на Груби на Бајрами, но истите не биле пронајдени. Груби преку социјалната мрежа на Фејсбук се огласи дека привато заминал на Косово и дека ќе се врател, а поранешниот директор на Државна лотарија подолг период не е во земјава.

-При извршените претреси кај други лица вмешани во овој коруптивен скандал било пронајдена и поголема сума на пари.

-Исто така, беше разбиена и криминална група, при што под истрага се најдоа 18 членови на членови на „Беланоца – Барон“.

Имено, неколкумесечната предистражна постапка што ја спроведуваше јавен обвинител со Истражниот центар од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и МВР, резултираше со акција во која е разбиена криминална група, а која беше спроведена заедно со полициски службеници од МВР на подрачјето на општините Чаир, Арачиново, Шуто Оризари, Бутел и Студеничани. По барање на јавниот обвинител, а врз основа на Наредба на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје извршени биле претреси на 30 локации и притоа се пронајдени поголем износ на пари, злато, огнено оружје и други предмети, а од слобода се лишени четири лица, додека едно лице само се пријавило во полициска станица.

Предметниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 18 лица за кои постои основано сомневање дека 14 лица како нарачатели, помагачи или директни извршители сториле кривични дела Убиство, од нив 12 лица се осомничени и за кривично дело Злосторничко здружување, додека петмина и за кривично дело Тешки дела против општата сигурност. Останатите четири лица се товарат за кривично дело Изнуда.

-Во саботата вечерта во тетовско гостиварскиот регион беше спроведена уште една голема полициска акција при што беше разбиена терористичака група при што уапсени биле 4 лица а истите како што реферираше вечера на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски пранирале терористички напади во земјата, а цели им биле јавни објекти во Македонија и нанесување болка и страв кај граѓаните.

Првопријавниот на почетокот на 2024 година создал терористичко-злосторничка организација во која членуваат и останатите лица, како и уште неколку засега непознати лица. Сите заедно формирале терористичка организација, ќелија со основи на идеолошката матрица на познатата терористичка организација ИСИС, со намера на изведување на терористички акт на цивилни или т.н. меки цели, односно јавни објекти на територија на Македонија. Првосомничениот во почетокот на 2024 година формирал повеќе групи на социјалната мрежа Telegram каде искажувал целосна подготвеност и намера за извршување на терористички напад, како и поттикнување на други лица за извршување на терористички напади во Европа. Во групите споделувал претходно набавен и преработен – преведен пропаганден материјал на ИСИС, регрутирајќи нови членови, правејќи обиди за набавка на огнено оружје, како и споделувајќи упатства за изработка на импровизирани експлозивни направи кои што потоа ќе бидат искористени за извршување на терористички напади, рече вчера на прес-конференција министерот Тошковски.

Очекувањата на сите се дека ваквите акции и битката со криминалот и корупцијата ќе продолжат, за што МВР и министерот Тошковски имаат јасно „зелено светло“ од експертите, но и што е поважно од целата македонска јавност.

 

Најнови вести од Македонија

To top