Имателот на златна виза за Дубаи и октроиран претседател на СДСМ со рејтинг во рамки на статистичка грешка (3,8%) веќе трет пат во низа ја обвинува Велика Британија за соучесништво во наводен криминал со македонската влада.
Венко Филипче најпрво на 19-ти мај крајно дилетантски праша за „потеклото на парите“ кои (верувале или не) ги дава Обединетото Кралство, за по неколку дена на 23-ти мај да ја обвини Велика Британија дека е голо алиби за тендери на македонската влада, и сега, трет пат по ред, денеска повторно јавно и без усул да обвини за очигледен бизнис, правејќи ја британската влада директен соучесник во наводен криминал, кој според познавачите е лоциран единствено во испаничените глави на врхушката на СДСМ.
„Овој заем што го земаа од Велика Британија е навистина преседан. Ние мислевме преседан е унгарскиот кредит, но не – можело и повеќе. Да земеш влада со влада, без контрола, пари со непознати камати, со непознати рокови – тоа е криминал. Тоа е основа за кривично дело. Ама во нашава ситуација со Владата тоа е бизнис, очигледно“, рече денеска Филипче во Битола.
Познавачите кои ги консултираше Курир велат дека „Третата мајка“ на лажни вести од фабриката на Бихаќка доаѓа паралелно со очебијната невозможна и предизборна мисија по Македонија во која златновизашот Филипче ќе ја обиколува државата лиферувајќи лажни вести, зборувајќи за имагинарни мигранти и измислени камати (за кои нема поим ниту инфо колкави се) во обид да ги убеди македонските граѓани дека Стратешкото партнерство со Велика Британија не е триумф, туку пораз за Македонија. Предупредуваат, дека лажните вести од оваа адреса ќе продолжат со засилен интензитет, особено имајќи предвид дека наближуваат локалните избори, а СДСМ нема да понуди ништо друго освен лаги, шпекулации и теории на заговор.
Наместо да одговори за одговорноста во мега-морбидниот криминал на Онкологија тежок 35 милиони вера во рамки на неговото министерување со здравство, како и за неодговорноста во трагедијата со Модуларната болница во Тетово, Филипче, велат познавачите, свесен за сопствената вина во случаите, сега ќе го одвлекува вниманието на јавноста со евтини фејк-њуз стории за британски мигранти, патетични небулози за лоши камати и кредити (без никаков аргумент и бројки), за измислени тендери од кујната на Бихаќка, за криминал за нешто што, реaлно, на нив никогаш никој немаше ни да им го даде, знаејќи дека ќе ги украдат сите пари и нема да биде ништо од проектите. Внимавајте, предупредуваат експертите, следува време на поплава од лажни вести од СДСМ и нивната испостава во т.н. Левица.
Нив не ги интересираат мега-инвестициите во иднината, тоа што Чебрен и Галиште ќе бидат наш проект, што ќе добиеме ултра модерни Клинички центри во повеќе градови, медициски факултет во Штип, брза пруга во коридор 10 и дузина други инфраструктурни колосални проекти, затоа што за нивното владеење сведочи само тунелот ископан под затворот Идризово, за кој – верувале или не, поради врските со криминалното подземје не ни најдоа кој воопшто и го ископал.
Монументален споменик на нивната колосална неспособност, дунстерство, дилетантизам и ултра-политиканство.