Македонија по однос на ова прашање од МНР најавуваат и јавна дебата

Американската „црна листа“ ќе стане основ за санкции и во земјава

Откако американската „црна листа“ минатата година се прошири со неколку имиња на бизнисмени, поранешни и актуелни функционери од земјава, сега се иницираат законски измени со кои се предлага токму листата на санкции на САД, но и онаа на Обединетото Кралство, да бидат основа за воведување на санкции на лица во земјава.

Американската „црна листа“ ќе стане основ за санкции и во земјава

Предлогот за ваквите измени во Законот за рестриктивни мерки доаѓа на иницијатива на Министерството за надворешни работи, а по однос на ова прашање од МНР најавуваат и јавна дебата.

Целта на законските измени, како што посочи министерот за надворешни работи Бујар Османи, е проширување на опфатот на рестриктивните мерки и на инструментите кои државата ги има на располагање во оваа насока.

„Со овие измени на Законот предлагаме како основ за воведување на рестриктивни мерки од страна на државата да се додадат и правните акти на САД и правните акти на Обединетото Кралство, што значи покрај оние на Советот за безбедност, Европска Унија, сега и правните акти на САД и Обединетото Кралство се валидна основа за воведување рестриктивни мерки“, рече Османи.

Со законските измени, како што посочи Османи, корупцијата и злоупотребата на службената должност ќе станат дополнителни основи за воведување рестриктивни мерки покрај тероризмот и пролиферацијата на оружје. Измените, покрај актуелната мерка за конфискација на имот, би предвидувале и времено престанување на јавната функција и забрана за учество во процесите на јавни набавки на лицето за кое е покрената истрага сè до правосилна судска одлука.

„Откако се задолжува институцијата предлагач да ги достави сите материјални и нематеријални докази до Јавното обвинителство, а ЈО законски се обврзува веднаш да почне постапка, вклучувајќи и конфискација на имот, и доколку заврши таа истрага со подигнување на обвинение, тогаш се воведуваат два нови инструменти, а тоа е времено престанување на вршење на јавна функција и забрана за учество во процесот на јавни набавки сè до правосилна судска одлука“, појасни Османи.

На т.н. „црна листа“ на американскиот Стејт департмент минатата година се најдоа и имињата на ексвицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓучев, бизнисменот Орце Камчев, бизнисменот Сергеј Самсоненко, струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. На оваа листа тие им се придружија на експремиерот Никола Груевски и на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Најнови вести од Македонија

To top