Македонија интервју

Американската амбасадорка контра поплаките од Мала Речица – нема законска обврска ДУИ да биде во влада

Во интервју за „360 степени“, прашана за забелешките од ДУИ дека влезот на „Вреди“ наместо коалицијата околу ДУИ во новата влада е прекрушување на духот на Рамковниот договор, Анџела Агелер кажа дека е задоволна што владата е составена од различни групи и дека нема законска обврска според која ДУИ треба да е во влада.

Американската амбасадорка контра поплаките од Мала Речица – нема законска обврска ДУИ да биде во влада

Во интервју за „360 степени“, прашана за забелешките од ДУИ дека влезот на „Вреди“ наместо коалицијата околу ДУИ во новата влада е прекрушување на духот на Рамковниот договор, Анџела Агелер кажа дека е задоволна што владата е составена од различни групи и дека нема законска обврска според која ДУИ треба да е во влада.

„Тоа е дел од жива демократија“, одговараа таа на потпрашањето на „360 степени“ – дали ставот на ДУИ може да предизвика некакво вознемирување во земјата.

Американската амбасадорка Анџела Агелер нема разбирање за поплаките на ДУИ дека изборот на ВМРО-ДПМНЕ да коалицира со „Вреди“ наместо со нив, како коалиција што освои повеќе мандати, е кршење на духот на Рамковниот договор. Во интервју за „360 степени“ таа кажа дека победникот е тој што ги избира партнерите, но и дека „Европскиот фронт“, како и „Вреди“, биле коалиција.

На крај, според неа, важно е дека во владата има диверзитет.

Прецизно, говорејќи за резултатите од неодамнешните избори, Агелер го доби следново прашање: „Кое е вашето мислење за одлуката на ВМРО-ДПМНЕ, победничката партија, да стапи во коалиција со ’Вреди’, а не со коалицијата предводена од ДУИ? Од ДУИ инсистираат дека со ова се оди против основниот договор меѓу двете најголеми заедници од 2001“. На ова, Агелер одговори:

ВМРО-ДПМНЕ го избра партнерот – ’Вреди’, која е исто така коалиција, исто како и „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ. Сум имала разговори за ова со низа функционери на ДУИ и дури и нема законска обврска за тоа со кој ќе стапите во коалиција. Партијата која победи на изборите ја имаше можноста и избра да создаде коалиција со малцински групи во земјата. Тоа е од исклучителна важност зашто она што двете наши земји ги прави толку богати е диверзитетот, различните етнички групи и заедници и она што тие го носат за нашите демократии. Оттука, задоволна сум дека владата е составена од различни групи и нема законски обврски за ДУИ да се вклучи во владата. Знам дека има прашање на закон наспроти легитимитет, но факт е дека ВМРО-ДПМНЕ избра партнери од различни заедници во земјата и тоа е нивно право. Избраа тоа да го направат и ќе видиме како ова партнерство ќе функционира“, изјави Агелер.

На ваквиот одговор на Агелер следеше потпрашање: „Значи, тоа не претпоставува некакво вознемирување, поместување во земјата“?

Според моето искуство во земјава, има многу можности за различни индивидуи и групи, политички партии и лидери да кажат дека имаат несогласувања и дека се загрижени и сето тоа е дел од една ’жива’ демократија. Затоа, имајќи го тој разговор, мислам дека е исклучително значајно да има гласови од различни малцински заедници кои зборуваат за важноста на имање свој претставник во заедницата. Среќна сум што гледам дека тој разговор продолжува“, изјави Агелер.

На парламентарните избори, коалицијата „Европски фронт“, предводена од ДУИ, доби вкупно 18 мандати. Коалицијата „Вреди“, пак, доби 14 мандати. Според ДУИ, фактот што нивната коалиција освои повеќе мандати значи дека тие треба да се најдат во владата, како легитимни претставници на Албанците во Северна Македонија.

„Вреди“, пак, имаа поинаква аргументација. Потенцираа дека во коалицијата околу ДУИ има политички партии кои ги претставуваат интересите на други етнички заедници во земјата, а не само на албанската. А тие, „Вреди“, биле составени само од партии на Албанците и со тоа се легитимни претставници на заедницата.

ВМРО-ДПМНЕ одамна најавуваше дека ако победи, нема да коалицира со ДУИ поради повеќе причини, но потсетија и дека принципот на кој се повикува ДУИ го погазија токму интегративците во 2017 година, кога по изборите коалицираа со СДСМ наместо со ВМРО-ДПМНЕ, и покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ имаше двајца пратеници повеќе од СДСМ.

Најнови вести од Македонија

To top