Македонија Промо

АЛКАЛОИД со четири признанија: Најтранспарентно котирано друштво по избор на медиумите и по избор на пазарните учесници, Акција на годината и Добри ESG-практики

Признание за Најтранспарентно котирано акционерско друштво компанијата освојува по 12-ти пат и со тоа ја потврдува посветеноста на АЛКАЛОИД АД Скопје кон највисоките стандарди на корпоративно управување.

АЛКАЛОИД со четири признанија: Најтранспарентно котирано друштво по избор на медиумите и по избор на пазарните учесници, Акција на годината и Добри ESG-практики

На свечената церемонија по повод доделувањето на годишните награди на Македонската берза за 2024 година, која се одржа на 16 декември 2024 година, АЛКАЛОИД АД Скопје ги доби престижните награди за Најтранспарентно котирано акционерско друштво по избор на медиумите, Најтранспарентно котирано акционерско друштво по избор на пазарните учесници, Акција на годината врз основа на резултатите од гласовите на пошироката јавност од заедничката анкета на Македонската берза и на порталот „Фактор“ и наградата за Добри ESG-практики доделена од Македонската берза во соработка со Американската стопанска комора во Македонија.

Признание за Најтранспарентно котирано акционерско друштво компанијата освојува по 12-ти пат и со тоа ја потврдува посветеноста на АЛКАЛОИД АД Скопје кон највисоките стандарди на корпоративно управување. Транспарентноста во работењето и квалитетната комуникација со сите засегнати страни – инвеститорите, институциите, медиумите и јавноста – се основните вредности кои доследно ги негува компанијата.

Наградите ја одразуваат решителноста на АЛКАЛОИД за одговорно работење, како и успешната имплементација на моделот за одржлив раст и развој. Наградата за добри ESG-практики е значајно признание за успешната имплементација на ESG-стандардите во работењето и за нивната интеграција во деловните стратегии, како и доказ за довербата која ја имаат сите засегнати страни во компанијата, а која ја мотивира да продолжи со постигнување врвни резултати и со создавање долгорочна вредност за инвеститорите, заедницата и за идните генерации.

Посветен на јасна предвидливост и на високи перформанси АЛКАЛОИД АД Скопје ќе продолжи да ги зајакнува овие принципи во годините што следуваат, останувајќи лидер во деловната етика и во корпоративната одговорност.

Најнови вести од Македонија Промо

To top