По професија е лекар, доктор специјалист – радиолог. Рендгенот, компјотерскиот томограф и магнетната резонанца ќе ги стави во мирување, за да и се посвети на политиката како член на во моментов владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Од Унијата на млади сили, преку претседател на Советот на неговата општина Ѓорче Петров и пратеник во Македонското собрание, до актуелен градоначалник на Ѓорче, со нова кандифатура за уште еден четиригодишен мандат.
Неговата заложба е општината да стане модерна, урбана, но и хумана, со еднаков пристап до услугите и со грижа за животната средина за сите нејзини жители.
Од општина која била наследена финансиски „девастирана“, со стари долгови над 4 милиони евра, успеал да ја стабилизира, модернизира, финансиски зцврсне, проектно изгради, културно надгради. Ѓорчепетровци знаат да ги препознаат неговото залагање и работа, затоа и имаат верба во него и му ја даваат својата доверба. Еднаш, во изминативе четири години, во кои транспарентната отчетност за сработеното најдобро говори за каков „општински татко“ се работи.
Во стартот на предизборието, отидовме на утринско кафе во неговиот градоначалнички кабинет за отворено да помуабетиме за се тоа што се’ е направено за изминативе 4 години, кои капитални проекти се завршени, а кои допрва се во план да се реализираат, колку нови улици и паркинзи, спортски терени и сали, каква инфраструктура и зелени површини добија Ѓорчепетровци, како културно се издигнуваа, надоградуваа и забавуваа, колку им се олесни и подобри квалитетот животот во првиот мандат на градоначалникот…?
Зошто има право да побара доверба и за втор мандат од своите сожители, какви се’ има програми и планови ако ја добие довербата и во наредните 4 години, кои се капиталните, комуналните, еколошките, културните проекти кои допрва ќе бидат реализирани за Ѓорчепетровци…?
Но и каков е приватно, како сопруг, татко, пријател, другар, сосед, колега…? Кои од актуелните политичари му се најдобри другари и пријатели? Дали повеќе го сака спортот или музиката, топката или хармониката, што му е пасија, хоби, забава, дали риболовот му е најголема разонода? Како ги воспитува децата, дали и тие тргнале или допрва ќе тргнат по неговиот пат, во медицината или политиката или се насочени кон нешто сосема трето?
За се’ што досега е направено и допрва ќе се прави, за сите познати и планирани нешта, за програмата и ветувањата, за плановите и остварувањата, за него лично како човек, лекар и политичар во најновото издание на интер ток шоуто „Ништо лично“ , вашиот домаќин Антонио Димитриевски лице в лице со актуелниот градоначалник на Општина Ѓорче Петров и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за уште еден градоначалнички мандат, Д-р. Александар Стојкоски… Премиерно вечерва, среда, 01-ви октомври од 20.00 часот ексклузивно на YouTube каналот на КурирМК (.