Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по пат на тајно гласање го избра претседателот на Собранието на седница одржана на 16.10.2024. Новиот претседател, Александар Николовски, го искористи правото на реизбор и вторпат ќе раководи со Собранието.
Покрај претседател, беа избрани и девет сенатори од редовите на УСС што ќе ги претставуваат студентите во Сенатот на Универзитетот.
Сенатори се Филип Петковски – Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Слободан Панајотов – Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Ивона Тодорова – Правен факултет, Ангела Василевска – ФИНКИ, Никола Ѓоргиев – Факултет за музичка уметност, Зорица Бојаџиева – Технолошко-металуршки факултет, Доротеа Камчевска – Педагошки факултет, Иван Трајковски – Економски факултет и Филип Калаџиски – Медицински факултет.