Македонија Ќе следува ли парична казна?

АЛБАНСКИ ЗНАМИЊА ГО ПРЕПЛАВИЈА ТЕТОВО, НО МАКЕДОНСКИТЕ НЕ ПОСТОЈАТ: Општината за Курир тврди дека за празници се поставуваат и македонски (ФОТО)

Според ова, Законот за употреба на знамето во нашата земја дефинитивно е прекршен и тоа од страна на општината Тетово, бидејќи никаде го немаше македонското знаме.

АЛБАНСКИ ЗНАМИЊА ГО ПРЕПЛАВИЈА ТЕТОВО, НО МАКЕДОНСКИТЕ НЕ ПОСТОЈАТ: Општината за Курир тврди дека за празници се поставуваат и македонски (ФОТО)

Вчера во нашата земја се одбележа Денот на албанската азбука во нашата земја.

Битолскиот конгрес се одржал од 14 до 22 ноември во 1908-та година кога се одлучило да се прифати латинската азбука со неколку промени на буквите кои биле адаптирани на албански јазик.

По овој повод вчера за сите Албанци во Република Северна Македонија беше неработен ден, тие го прославија со неколку официјални настани, но очигледно се славело и по градовите и општините каде живее големо население од албанска припадност.

Такво „славење“ за Денот на албанската азбука имало и во Тетово, иако со прекршување на Законот за употреба на знамето во нашата земја.

Имено низ улиците на Тетово веќе втор ден се веат знамиња од албанското знаме, но никаде го нема македонското знаме, ниту знамето на општината.

Според членот 14 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Северна Македонија, истото се истакнува:

1) во денови на празниците на Република Северна Македонија утврдени со закон – на објектите во кои се сместени органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа, јавните служби, јавните установи и јавните претпријатија кои ги основа Републиката, односно единицата на локалната самоуправа;

Потоа во Член 16 следува:

„Ако знамето на Република Македонија се истакнува во Република Македонија заедно со едно или повеќе знамиња на други држави, или меѓународни организации, знамето на Република Македонија се наоѓа во зависност од начинот на поставувањето на тие знамиња:

1) во средината на кругот така што јасно да се гледа – ако другите знамиња се наредени во круг;

2) во средината на полукругот – ако другите знамиња се наредени во полукруг;

3) на чело на колоната – ако другите знамиња се наредени во колона;

4) на прво место во редот, односно од левата страна гледано однапред – ако другите знамиња се наредени во ред;

5) на чело на групата – ако другите знамиња се распоредени во групи.

Ако знамето на Република Македонија се истакнува заедно со други знамиња со вкрстени копја, копјето на знамето на Република Македонија мора да биде поставено пред копјата на тие знамиња, гледано однапред“.

И во Член 17 се вели дека:

„Ако знамето на Република Македонија се истакнува заедно со две други знамиња, знамето на Република Македонија се наоѓа во средина. Ако знамето на Република Македонија се истакнува покрај друго знаме, тоа секогаш се наоѓа на левата страна, гледано однапред. По исклучок, тоа се наоѓа на десната страна, гледано однапред, од знамето на странската држава или меѓународната организација, ако тоа знаме се истакнува во Република Македонија при официјални посети на овластен претставник на соодветната држава или организација.

Ако знамето на Република Македонија се истакнува заедно со повеќе знамиња на други држави, знамињата на другите држави ќе бидат
истакнати по абецеден ред.

Во случаите од овој член, димензиите на сите знамиња треба да се еднакви, а доколку димензиите се различни ниедно друго знаме не смее да биде поголемо од знамето на Република Македонија, ниту пак било кое друго знаме, може да биде поставено повисоко од знамето на Република Македонија.

Ако знамето на Република Македонија се истакнува со знамето на единиците на локалната самоуправа и други знамиња, знамето на Република Македонија се истакнува на прво место од левата страна оддалечено два метри, а повисоко за еден метар и со поголема димензија од знамето на единицата на локалната самоуправа и од другите знамиња“.

Според ова, Законот за употреба на знамето во нашата земја дефинитивно е прекршен и тоа од страна на општината Тетово, бидејќи никаде го немаше македонското знаме.

На оваа тема одговор побаравме и од самата општина Тетово која на поставените прашања:

Кој е надлежен и дали тоа е општината за поставување на знамињата низ градот Тетово за време на празници во Република Северна Македонија?

Доколку не е надлежна општината кој ги поставува знамињата низ улиците и центарот на Тетово?

Кој знамиња се истакнуваат за време на празниците утврдени со Закон?

Ни одговорија дека за поставување на знамињата во Тетово е надлежна општината.

За поставување на знамиња низ подрачјето на град Тетово е надлежна општината. За време на празници, се поставуваат знамето на Република Северна Македонија, Знамето на Општина Тетово и Знамето на најголемата етничка заедница во Општина Тетово, поточно Албанското знаме, велат од таму.

Со овој одговор тие јасно укажуваат на тоа дека вчера, (а и денеска се уште) е прекршен Законот за употреба на знамето во нашата земја.

Во Законот се јасно предвидени и казнените одредби доколку се прекрши овој Закон.

Револтот немаше да биде толку голем на граѓаните на Тетово денес, доколку претходно како што велат на албанските политички партии не им засмета крстот поставен во Манастирскиот комплекс на Попова Шапка.

Општината Тетово пред два дена јавно потврди дека не се откажува од тоа дека крстот на Попова шапка во манастирскиот комплекс Ссвети Наум е поставен без соодветна дозвола и најавија дека ќе ги почитуваат сите законски процедури.

Најнови вести од Македонија

To top