Македонија ЦУК

Активни шест пожари на отворено во државава

Девет пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 12 часот на територијата на државава. Активни се шест, под контрола е ставен еден пожар, а два се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Активни шест пожари на отворено во државава

Девет пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 12 часот на територија на државава. Активни се шест, под контрола е ставен еден пожар, а два се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Активен е пожарот во општина Берово, „Дрџински рид“, место викано „Стојковото“ во околината на село Русиново, а опожарени се дабова, букова шума и папрат. Два активни пожари има во општина Липково од кои едниот во регионот на селото Никуштак, каде горат нискостеблеста деградирана шума и дабова шума, а другиот во регионот на село Оризаре, опожарени се мешана шума и ниска вегетација. Активен пожар има и во подрачјето на село Варвара, општина Студеничани, опожарени се мешана шума и ниска вегетација. Во регионот на селата Белица и Ложани, општина Струга исто така има два активни пожари. На двете места гори ниска вегетација.

Под контрола е ставен пожарот во „Вардариште“, општина Гази Баба.

Од изгаснатите, ниска вегетација и ѓубриште гореле во атарот на село Спанчево, општина Чешиново-Облешево, а ниска вегетација била опожарена и во општина Тетово.

Најнови вести од Македонија

To top