Македонија ЦУК

Активни се 13 пожари, изгаснати три

Активни се 13 пожари, изгаснати три

Во моментов има 13 активни пожари на територијата на Република Северна Македонија, изгаснати се три, информираат од Центарот за управување со кризи.

Активните пожари се во Скопје во Општините Сарај, Сопиште, Зелениково и Студеничани, а покрај пожарите во Битола и кај планината Серта во Неготино, гори и во Штип, Ново Село, Чашка, Долнени, Гевгелија, Радовиш, Делчево и Липково.

Изгаснати се три пожари и тоа во Општините Македонски Брод, Росоман и Чешиново-Облешево.

Најнови вести од Македонија

To top