Македонија изгаснати четири

Активни пет пожари на отворено

Активни пет пожари на отворено

Пет пожари се активни на територија на Македонија, согласно пресекот на Центарот за управување со кризи до 12:30 часот, а четири се изгаснати.

Активни се пожарите во Општина Дојран кај селото Николиќ и во Горнањи, Чучер Сандево каде гори нискостеблеста шума.

Во Oпштина Велес активен пожар има кај селата Џидимирци и Крушје каде опожарена мешана шума; во Општина Македонски Брод: помеѓу с.Црешнево, с.Локвица, с.Крапа и с.Слатина опожарена е деградирана дабова шума,грмушки и ниска вегетација, а во Општина Липково кај селото Отља гори деградирана ниска вегетација.

Од ЦУК посочуваат дека изгаснати се пожарите во населбата Три Багреми во Општина Прилеп, кај селото Драгобрашта, Општина Виница, кај демиркапиското село Војшанци, како и во струшко Франгово.

Најнови вести од Македонија

To top