Македонија

Ахмети прифаќа укинување Техничка Влада, по консултации со Меѓународна, согласен и за една изборна единица

Ахмети прифаќа укинување Техничка Влада, по консултации со Меѓународна, согласен и за една изборна единица

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети по лидерската средба истакна дека тие се една изборна единица со праг од пет проценти и со отворени листи. Во врска со идејата на премиерот Христијан Мицкоски за укинување на техничката влада, тој потенцира дека треба да се консултираат со ЕУ и САД.

Во однос на прашањето за техничката влада, ние сме на ставот дека треба да се консултираме дополнително со меѓународната заедница, меѓународниот фактор и партнери кои се коавтори на текстот за Пржинска влада – ЕУ и САД, рече Ахмети.

Во врска со измените во Изборниот законик, Ахмети потенцира дека тие ги презентирале своите предлози.

-Се согласуваме со една изборна единица, со праг од 5 проценти и со отворени листи. Сега ова прашање останува за понатамошни дискусии, рече лидерот на ДУИ.

Околу прашањето за обезбедување двојно мнозинство за избор на Народен правобранител, Ахмети кажа дека побарал дополнителни консултации.

-Не се направени потребните консултации, туку дејствијата биле преземени произволно, а консензуалната демократија има свои правила. Она што останува е координаторите на пратеничките групи да бараат решенија и дополнителни консултации за тоа како може да се реши ова прашање, нагласи Ахмети.

За законите за „Сејф сити“ за кои потребно е Бадентерово мнозинство и се блокирани од страна на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ, Ахмети нагласи дека координаторите на пратеничките групи останува да се сретнат и да изнајдат решение.

Во однос на остатокот од прашањата за кои тој планирал да ги покрене денеска, било одлучено Ахмети дополнително да се сретне со Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top