Македонија сад

Агелер: САД ќе ја дополни црна листа

Вашингтон во моментов разгледува нови имиња со македонски државјани кои би се нашле на т.н црна листа на САД, вели американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер.

Агелер: САД ќе ја дополни црна листа

Вашингтон во моментов разгледува нови имиња со македонски државјани кои би се нашле на т.н црна листа на САД, вели американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер.

По последното проширување на црната листа кое се случи во март годинава, Агелер рече дека одлука на Стејт департментот е кога ќе објави нови имиња.

-Листата е многу динамична. Секогаш има имиња кои се разгледуваат и за нив се дискутира. Јас не располагам со рокови бидејќи тоа е одлука на Вашингтон, но можам да ве уверам дека и во моментов додека зборуваме, одреден број на имиња се разгледуваат. Како и секогаш ние работиме на додавање на нови имиња и ќе осигураме да ве известиме кога тоа ќе се случи,- изјави – Анџела Агелер – Амбасадор на САД во РМ.

Во врска со одлуката на Антикорупциска која и денеска повтори дека именувањето на членовите на Судскиот совет, Антоанета Димовска и Ханиф Зендели, како и претседателката на Советот на ЈО Душица Димитриеска, за нови членови на УП на Академијата за судии и јавни обвинители, не е во согласност со законите, Агелер порача дека сите наводи и сугестии треба внимателно да се разгледаат.

-Ги немам сите детали во врска со тоа. Но знам дека е критично важно дека овие наводи, коментари и сугестии треба внимателно да се разгледаат, и искрено да бидат разгледани на начин да јавноста добие објаснувања околу тоа кои прашањата се поставуваат и зошто и кои се мотивите зад тие истраги,- изјави – Анџела Агелер – Амбасадор на САД во РМ.

Агелер присуствуваше на првата Конференција организирана од Амбасадата на САД во Скопје во соработка со Меѓународното биро за наркотици и спроведување на законот од каде најави формирање на нова правосудна мрежа за борба против корупцијата.

To top