Македонија мвр потврди

Адвокатот на Палевски на распит во полициска станица

Стојков е лицето кое со своето возило го однел во Белград Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски (74).

Адвокатот на Палевски на распит во полициска станица

Адвокатот Васко Стојков попладнево е на распит во полициска станица, потврдуваат од МВР за Курир.

Стојков е лицето кое со своето возило го однел во Белград Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски (74).

Откако во јавноста се објави името на Палчо, а МВР информираше дека во Белград пристигнал со неговиот адвокат, со изјава се огласи Стојков кој истакна дека во тој момент воопшто не знаел дека Палевски е осомничен за двојно убиство.

– Ме замоли да го однесам во Белград бидејќи нема возило, а не можел да обезбеди нотар да му се преведе возилото. Јас не знаев ништо за оваа работа. Знам дека требаше да оди во Белград на преглед. Се вратив во Скопје. Палевски ми рече дека ако не е во ред ќе оди на преглед во Истанбул. Кога се вратив полицијата правеше претреси, ме прашаа и тогаш им кажав, изјави на 4 декември Стојков.

Најнови вести од Македонија

To top