Македонија

43 години од формирањето на САЕ „Тигар“

На 13 март 2021, покрај 40 годишниот јубилеј од формирањето на единицата, Единица за специјални задачи (ЕСЗ) беше преименувана во Специјална антитерористичка единица (САЕ).

43 години од формирањето на САЕ „Тигар“

Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ денеска одбележува 43 години од формирањето.

На 13 март 1981 година за првпат во Министерството за внатрешни работи беше формирана во рамките на тогашниот републички секретаријат за внатрешни работи на СР Македонија Единицата за специјални задачи под името „Тигар“.

Нејзина примарна цел при формирањето била посебни задачи, обезбедување на јавни личности, справување со кризи, специјални задачи за кои не била подготвена тогашната милиција, а подоцна за антитероризам, специјални задачи како на пример диверзантски акции, инфилтрирање позади линијата на непријателот, обезбедување на терен, подготовка на терен за воени дејствија на останати воени државни структури, приведување и апсење на криминалци или личности барани од законот, нуркање, извлекување на давеници, затрупани во лавини, експлозиви, и кучиња трагачи, обезбедување на лица од витално значење. Во поново време единицата беше надградена со воена метода за решавање на воени конфликти надвор од урбана средина.

На 13 март 2021, покрај 40 годишниот јубилеј од формирањето на единицата, Единица за специјални задачи (ЕСЗ) беше преименувана во Специјална антитерористичка единица (САЕ).

САЕ Тигар е организирана како посебна единица во Бирото за јавна безбедност со намена за:

Планирање и извршување најсложени задачи во борба против тероризмот
Решавање заложнички ситуации и ситуации со забарикадирани опасни лица
Апсење криминалци и криминални групи
Решавање ситуации во случај на пружање отпор со огнено оружје
Обезбедување загрозени ВИП личности и објекти
Давање асистенција во борбата против организираниот криминал
Спасувачки мисии во високопланински и други недостапни терени
Обука и едукација на кадри

Најнови вести од Македонија

To top