КУРИР дознава дека кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова има огромно водство пред кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, на 40% обработени гласачки места.
Според нашите информации, од досега обработените гласачки места Силјановска Давкова има добиено 44,92% од гласовите на граѓаните, а Пендаровски 20,76%.
Зад нив е Бујар Османи со освоени 10,73% од обработените гласачки ливчиња.
Арбен Таравари освоил 7,10% од изброените гласови, а Максим Димитриевски 8.32%.
Од овие изброени гласови, за Билјана Ванковска се изјасниле 4,72%, а за Јакимовски 1,08.
Неважечки се 2,37%.