Македонија Момир Стојановски

24 години од нападот на полициската станица во Теарце и првата жртва од 2001 година

Триесет годишниот Стојановски, полициски службеник од Крива Паланка, дежурал во станицата со Давор Евросимовски кој во нападот бил потешко ранет и со Борче Ѓувовски и Јахи Лика кои биле полесно ранети.

24 години од нападот на полициската станица во Теарце и првата жртва од 2001 година

Денеска се навршуваат 24 години од нападот на полициската станица во Теарце, вооружен напад кој неофицијално се смета за почеток на воената криза во Македонија.

Рано изутрината нешто пред два часот на 22 јануари 2001 година, ОНА со ракетни фрлачи ја нападнале полициската станица во Теарце. Биле испалени два проектила од кој едниот промашил додека вториот ја погодил полициската станица при што тешко го ранил полицаецот Момир Стојановски, кој починал на пат кон тетовската болница.

Триесет годишниот Стојановски, полициски службеник од Крива Паланка, дежурал во станицата со Давор Евросимовски кој во нападот бил потешко ранет и со Борче Ѓувовски и Јахи Лика кои биле полесно ранети.

 

Најнови вести од Македонија

To top