Вo текот на изминатата ноќ (24/25 февруари) од 22 до 4 часот, полициски службеници на СВР Тетово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи што ги управуваат возилата под дејство на алкохол.
При контролата е санкциониран 21 возач (ТЕ-14 и ГВ-7).
-Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби кои се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност.Покрај ова, времено ќе им бидат одземени и нивните возачки дозволи од три месеци до една година. Во акциската контрола санкционирани, исто така, биле и 25 други видови сообраќајни прекршоци ( ТЕ-18 ГВ-5), соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Секторот за внатрешни работи Тетово ќе продолжи со вакви контроли и во наредниот период, а до возачите апелираат да не управуваат возило доколку консумирале алкохол. Со тоа, тие најнепосредно ќе придонесат за сопствената и за вкупната безбедност во сообраќајот.