Македонија ИЗБОРИ 2024

20% обработени гласачки места: Силјановска Давкова со големо водство пред Пендаровски

Според нашите информации, од досега обработените гласачки места Силјановска Давкова има добиено 44,63% од гласовите на граѓаните, а Пендаровски 19,13%.

20% обработени гласачки места: Силјановска Давкова со големо водство пред Пендаровски

КУРИР неофицијално дознава дека кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова има големо водство пред кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, на 20% обработени гласови.

Според нашите информации, од досега обработените гласачки места Силјановска Давкова има добиено 44,63% од гласовите на граѓаните, а Пендаровски 19,13%.

Зад нив е Бујар Османи со освоени 13,04% од обработените гласачки ливчиња.

Арбен Таравари освоил 8,53% од изброените гласови, а Максим Димитриевски 7.27%.

Од овие изброени гласови, за Билјана Ванковска се изјасниле 4,14%, а за Јакимовски 0,79.

Неважечки се 2,47%.

Најнови вести од Македонија

To top