Македонија ЦУК

1.904 повици во последното деноноќие на 112

Кон Полиција биле упатени 50,00%, кон Итната медицинска помош 41,72%, кон пожарникарите 3,79%, а кон АМСМ 1,03% од реалните повици кон 112 во ЦУК.

1.904 повици во последното деноноќие на 112

Центарот за управување со кризи– ЦУК информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.894 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од кои „реални“ повици биле 42,70%, а 57,30% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон Полиција биле упатени 50,00%, кон Итната медицинска помош 41,72%, кон пожарникарите 3,79%, а кон АМСМ 1,03% од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Инаку, 1.101 повик за итни случаи на 112, се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 3,45% со другите 57,30% што се именувани како „неитни повици“, биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а на директно коордирнирање за нивно решавање.

Како што појаснуваат од ЦУК, тоа се остварува преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација (СОК). За дел од повиците се постапува според стандардните оперативни процедури во координација паралелно и истовремено со повеќе ангажирани институциите во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи.

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top