Вести

Лајпциг бара 60 милиони евра од Барселона за Дани Олмо

Лајпциг бара 60 милиони евра од Барселона за Дани Олмо

Барселона се обидува да го доведе фудбалерот на Лајпциг, Дани Олмо. Според каталонското издание „Мундо Депортиво”, германскиот клуб ги информирал челниците на Барселона дека се подготвени да го пуштат шпанскиот репрезентативец за 60 милиони евра.

Играчот од средниот ред минатата сезона постигна осум голови и забележа три асистенции во 25 натпревари за Лајпциг во сите натпреварувања.

 

To top