На 21 декември во 2020 година на 75-годишна возраст почина доајенот на македонскиот театар, Љупчо Петрушевски.
Актерот Љупчо Петрушевски дипломира на отсекот за актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје, како дел од првата генерација на дипломирани актери. Целиот работен век од 1966 година до пензионирањето го поминува во МНТ.
Во периодот од 1983 до 1988 година ја извршува функцијата директор на Драмата на МНТ, а потоа 1988 до 1999 година е директор на МНТ. Повторно е директор на Драмата на МНТ во периодот од 2004 до 2006 година.
Петрушевски беше неразделен дел од театарот и по пензионирање беше верен поддржувач и гледач на претставите на своите колеги. Секогаш ќе остане запомнет по маркантниот став и секогаш кога ќе се појавеше привлекуваше со внимание и посветеност. Беше неизмерно посветен на театарот.
На сцената го имаше релативно кратко, од 1967 до 1984 година, но во голем број на главни и споредни улоги.
Во аналите на МНТ ќе остане како директор кој постојано се бореше театарот и преставите да стигнат што подалеку од матичната сцена и да го пронајдат својот пат до сите.
Петрушевски ќе остане запомнет и препознатлив и по филмските и телевизиски улоги.