Култура Хуманитарна програма

Уживајте во МНТ и донирајте за лекување на Леонид Индов

Првата претстава „Платон Кречет“ од Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, премиерно е прикажана на 3 април 1945 година. 

Уживајте во МНТ и донирајте за лекување на Леонид Индов

Македонскиот народен театар (МНТ) својот 79-ти роденден ќе го одбележи со хуманитарна програма. Средствата од продадените билети од претставите „Сите сме птици“ во режија на Слободан Унковски и „Силјан Штркот шанца“ од Дејан Дуковски, во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, што ќе се одиграат денеска, ќе бидат наменети за лекување на Леонид Индов.

Како што информираат од МНТ, во фоајето на Театарот ќе биде претставена и документарната изложба „Миг кој трае“, на која низ оригинални фотографии и предмети ќе бидат претставени дел од претставите изиграни од 1945 година до денес.

МНТ е формиран на 31 јануари 1945 година на Президиумот на АСНОМ, со што Театарот официјално започнува со работа. За директор е поставен Димитар Ќостаров, а Илија Милчин е секретар драматург.

Првата претстава „Платон Кречет“ од Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, премиерно е прикажана на 3 април 1945 година.  

Најнови вести од Култура

To top