Култура дводневен саем

Саем за туризам: Рурални домаќинства

Проектот се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам и е дел од поширока визија за туризмот што создава автентични доживувања и иницира подолг престој и посилна врска меѓу посетителите и домаќинствата.

Саем за туризам: Рурални домаќинства

На 31 јануари и 1 февруари 2026, најавтентичните рурални домаќинства од цела Македонија ќе се претстават во Јавна Соба, преку дводневен саем за одржлив и креативен туризам, објави министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со сместувачките капацитети, програмите и активностите за сите генерации, гастрономските и вински искуства, органските продукти и локалните вкусови, опотенцира Љутков.

Проектот се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам и е дел од поширока визија за туризмот што создава автентични доживувања и иницира подолг престој и посилна врска меѓу посетителите и домаќинствата.

Најнови вести од Култура

To top