Култура Од архивските материјали на Васил Хаџиманов

Промоција на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“

Материјалите на Хаџиманов се надградени со фолклористичка анализа на Мартиноска и Иванов. 

Промоција на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“

Во кино Фросина, МКЦ денеска ќе биде промовирана книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“, од архивските материјали на Васил Хаџиманов.

Книгата претставува монографија за тажачките песни од скопскиот земјотрес со транскрипција на ракописните материјали и на дел од аудиоматеријалите снимени од Васил Хаџиманов во 1963 година.

Станува збор за записи снимани во специфични околности на колективна траума непосредно по скопскиот земјотрес, на закопите и помените на жртвите. Овие архивски материјали биле необјавени и недостапни за пошироката јавност цели 60 години.

Материјалите на Хаџиманов се надградени со фолклористичка анализа на Мартиноска и Иванов.

Монографијата вклучува и статија напишана од самиот Хаџиманов за етномузиколошките особености на овие песни, но и за некои детали за процесот на нивно снимање непосредно по скопскиот земјотрес, како и потресни фотографии од кои дел се направени од самиот Хаџиманов, а дел од други извори. (МИА)

To top