Култура Месецот на Франкофонијата

Проекција на грчкиот филм „Евтихија“ во Кинотека

„Евтихија” во 2020 година доби осум награди од Грчката академија за кинематографија и беше топло прифатен од публиката. Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен.

Проекција на грчкиот филм „Евтихија“ во Кинотека

Во рамки на Месецот на Франкофонијата, Амбасадата на Грција во Скопје вечер од 20 часот во Кинотеката  организира проекција на грчкиот филм „Евтихија“ од 2019 година, во режија на Ангелос Франџис.

-Филмот „Евтихија” е инспираран од турбулентниот живот на една неконвенционална личност со силен темперамент, текстописецот Евтихија Папајанопулу, која преку своите текстови и соработката со најзначајните грчки композитори, како Василис Цицанис и Манос Хаџидакис, создаде некои од безвременските грчки песни, соопшти Амбасадата на Грција.

„Евтихија” во 2020 година доби осум награди од Грчката академија за кинематографија и беше топло прифатен од публиката. Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен.

Најнови вести од Култура

To top