Вчера во струшката населба „Езерски лозја“, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода Л.А.(18) од Република Албанија.
При претрес во апартман, кој тој го користел, била пронајдена и одземена марихуана и други предмети.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава соопшти МВР.