Независниот театар „Златен Елец“, денеска ќе ја изведе претставата „Добри луѓе“ на малата сцена во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес.
Адаптацијата и режијата се на Тамара Стојаноска, а играат младите актери од Велес: Тијана Трајчевска и Филип Христовски. Музиката ја работеше Ива Дамјановски, рекламниот материјал е на Бојана Цилевска, извршен продуцент на претставата е Бобан Алексоски, а материјалите ги преведе Наташа Пеевска.
„Добри луѓе“ е дуодрама работена според Данкан Мекмилан, авторски материјали и инспирација од The Relation Work Project (1976-80) на Марина Абрамовиќ и Улај.
Претставата е интимна анализа на една љубовна врска и зборува за предизвиците со кои се соочуваат љубовните парови во денешно време и поставува едно навидум апсурдно, но легитимно еколошко и етичко прашање.
Проектот е реализиран со поддршка од Министерство за култура. Репризата на „Добри луѓе“ ќе биде во декември во Велес.