Култура КИЦ Белград

Празничен концерт и ликовна изложба за Денот на независноста

Македонскиот КИЦ во Белград за 8 Септември, Денот на независноста, организира свечен празничен концерт со еминентни македонски музички уметници и ликовна изложба со десетина современи македонски ликовни уметници.

На 8 септември во 19 часот, ќе настапи Скопскиот дувачки квинтет во состав: Марија Јакимовска, флејта; Васил Атанасов, обоа; Ристо Ѓоревски, кларинет; Орце Ицковски, фагот и Александар Гошев, хорна.

На празничната музичка програма ќе бидат исполнети дела од Хајдн (Дивертименто), Фаркаш (Унгарски танци), Бизе (Кармен) и грст македонски композиции и обработки од Бранѓолица (Три пиеси), Прокопиев (Суита, Лабин и Дојрана), Агостини (Суита Македонија), Смокварски (Тешкото).

Скопскиот дувачки квинтет е познат македонски музички состав кој постои повеќе од 4 децении, бележи забележителни настапи на бројни познати музички сцени, а за својата работа членовите на квинтетот се наградувани со врвни државни музички награди и и бројни општински признанија.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

На 10 септември, во 19 часот, во просториите на КИЦ Белград, во рамките на одбележувањето на Денот на независноста, во соработка со Националната галерија на Македонија ќе биде отворена и репрезентативна групна изложба од десетина познати современи ликовни уметници, под наслов “Простори на коњункција”.

To top