Култура

Почнува манифестацијата „Смилевски конгрес“

Манифестацијата е оформена со цел афирмација, претставување и прославување на културното и историското минато на село Смилево, Смилевски конгрес, Даме Груев и нашата земја.

Почнува манифестацијата „Смилевски конгрес“

Во демирхисарското село Смилево денеска и утре првпат ќе се одржува манифестацијата „Смилевски конгрес“. Се работи за нова национална установа под Министерство за култура, која од оваа година почнува со работа. Манифестацијата е оформена со цел афирмација, претставување и прославување на културното и историското минато на село Смилево, Смилевски конгрес, Даме Груев и нашата земја.

Главната програма на манифестација „Смилевски конгрес“ ја сочинуваат две фестивалски вечери. Првата вечер именувана „Омаја“ е насочена повеќе кон традиционалниот аспект на манифестацијата, каде традицијата е во служба на наративот, а никогаш чисто покажување на техника.

Првиот мултидисциплинарен настан од фестивалската вечер „Омаја“, во форма на музички и визуелни колоритни творби, ќе се обиде да ги детерминира и да приложи одредена поетика за трите суштински аспекти на проектот: музички, визуелен и изложбен.

Вториот дел од фестивалската вечер „Омаја“ замислен како прослава и славење на основањето на манифестацијата ќе биде одбележан преку музички концерт. Некои од уметниците ќе направат музички современ осврт на познатата песна „Смилево славно в оган гори“. Целиот настан, преку ХНУ (истражувачко студио за храна, наука и уметност), ќе биде поддржан со кулинарските способности на некои уметници: уметниците готват специфични рецепти од нивната кујна и кулинарски навики за публиката.

R’n’T (rhythm and tangle) „ритам и плетка“ е концептот на втората фестивалска вечер, која повеќе е насочена кон современиот аспект на манифестацијата. Во втората фестивалска вечер ќе настапат меѓународни изведувачи и македонски автори чии фокус е во современиот концепт на авторската уметност со нитки од традицијата, каде традицијата е во служба на наративот а не во чисто покажување на виртуозна техника или директна разголена естетика.

Манифестацијата „Смилевски конгрес“ е поддржана од Министерството за култура, Kromberg and Schubert Bitola, Smart Invest Group, De Niro Catering и Pela Rosa.

Најнови вести од Култура

To top