Денеска и официјално е е отворена манифестацијата „Кичево – Град на културата за 2026 година“ значаен настан претставува почеток на една нова културна ера, исполнета со бројни активности, проекти и настани кои ќе го збогатат културниот живот и ќе го промовираат Кичево како важен културен центар во Република Македонија.
Денес официјално е отворена манифестацијата „Кичево – Град на културата за 2026 година“, историски момент за нашиот град и за сите наши сограѓани, објави на совојот Фејсбук профил пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски.
-Овој значаен настан претставува почеток на една нова културна ера, исполнета со бројни активности, проекти и настани кои ќе го збогатат културниот живот и ќе го промовираат Кичево како важен културен центар во државата.
На свеченото отворање присуствуваше и Министерот за култура, Зоран Љутков, којшто со своето присуство даде силна поддршка на оваа значајна иницијатива и ја истакна важноста на вложувањето во културата како двигател на општествениот развој.
Со заеднички сили и посветеност, веруваме дека 2026 година ќе остане запаметена како година на културен подем, креативност и гордост за сите кичевчани, пишува Сајкоски во својата објава.