Култура

МНТ со претставата „Бели ноќи“ учествува во одбележување на 80-годишнината на Народен театар – Битола

МНТ со претставата „Бели ноќи“ учествува во одбележување на 80-годишнината на Народен театар – Битола

Претставата „Бели ноќи“ според делото на Ф. М. Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска ќе се одржи вечерва во Македонски народен театар (МНТ), по повод одбележувањето на 80-годишнината на Народен театар – Битола.

Во овој копродукциски проект играат Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Како сценограф се потпишува Мартин Манев, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, а музиката е на Марјан Неќак.

Претстава „Бели ноќи“ својата премиера ја имаше на 17 октомври на малата сцена во МНТ. Следните изведби во МНТ, на оваа љубовна драма, се закажани на 15 и 28 ноември.

Поврзани теми

To top