Култура Министерство за култура и туризам

Mинистерот Љутков оствари средба со директорката на Форумот на словенски култури

Листата со предложени романи е дополнително проширена со уште 8 наслови. По повод јубилејот, ќе се организира прослава за авторите и претставниците на сите земји членки на Форумот, велат од Министерството за култура и туризам.

Mинистерот Љутков оствари средба со директорката на Форумот на словенски култури

Во пријателска и конструктивна атмосфера, денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков оствари средба со директорката на Меѓународната фондација „Форум на словенски култури“, Андреа Рихтер. Република Македонија е членка на Форумот и една од земјите основачи веќе 21 година, соопштија од Министерството за култура и туризам.

За време на средбата, соговорниците ја истакналеважноста на наградата „Жива“, со која НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид неодамна беше прогласен за најдобар словенски локалитет во 2025 година.

-Директорката Рихтер ги информираше министерот за предвидените активности кои ќе бидат дел од програмата за наредната година кога се одбележуваат 20 години од започнувањето на проектот „100 словенски романи. Досега, Министерството преведе и издаде 19 романи од словенски автори, а околу 15 македонски романи се преведени и објавени во други држави. Листата со предложени романи е дополнително проширена со уште 8 наслови. По повод јубилејот, ќе се организира прослава за авторите и претставниците на сите земји членки на Форумот, велат од Министерството за култура и туризам.

Денеска во пријателска и конструктивна атмосфера остварив средба со директорката на меѓународната фондација Форум на…

Posted by Зоран Љутков on Thursday, October 16, 2025

На маргините на средбата, се разговарало и за утрешниот состанок на експертската работна група за заштита на културното наследство во Музејот на македонската борба за самостојност. Двајцата соговорници иницирале и одржување на мини конференција во Охрид наредната година, со учество на експерти од земјите членки на Форумот и други гости, со цел размена на согледувањата за актуелните предизвици и решенија за ефективна промоција на културното наследство на словенските држави.

На крајот, министерот Љутков истакнал дека ќе настојува да се зголеми бројот на институции кои ќе бидат номинирани во останатите категории за наградата „Жива“, бидејќи, како што рекол, македонските музеи заслужуваат внимание и признание за нивната улога во зачувувањето на културното наследство, промоцијата на националната историја и традиција, како и во едукацијата на младите генерации.

To top