Култура Виенски музеј

Министерот Љутков на отворањето на големата изложба на Рембрант во Виена

Министерот Љутков вечер ќе присуствува на концертот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет, кој гостува во „Ehrbar Saal“ во Виена.

Министерот Љутков на отворањето на големата изложба на Рембрант во Виена

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, е во дводневна посета на Виена, каде што вчеравечер во импресивниот Виенски музеј за историја на уметноста (Kunsthistorisches Museum Vienna) присуствуваше на отворањето на грандиозната изложба на Рембрант, заедно со австрискиот претседател Александер ван ден Белен и исклучително значајни личности од културниот и од општествено-политичкиот живот на Австрија.

Овој голем настан е уникатен зашто за прв пат во овој музеј и во Виена се изложуваат над 60 дела од славниот сликар од 17 век, а се позајмени од многу институции од повеќе држави од светот. Станува збор за изложба на дела од Рембрант од перспектива на неговиот талентиран ученик Хогстратен.

На големиот настан присуствуваше и амбасадорот на Македонија во Австрија, Освит Росоклија, а министерот Љутков оствари средба и со директорката на Музејот, Сабина Хаг. Изложбата се најавува како исклучителен настан за европската култура зашто изобилува со ретка меѓународна збирка на ремек-дела од Рембрант, дава увид во холандското барокно сликарство, но и ја осветлува поврзаноста меѓу Рембрант и Хогстратен вклопена во изложба надградена со виртуелната реалност.

Министерот Љутков вечер ќе присуствува на концертот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет, кој гостува во „Ehrbar Saal“ во Виена.

To top