Денес од мојот роден град Велес – градот со богато културно наследство – се обратив на конференција посветена на улогата на библиотеките во создавање инклузивни и достапни културни простори, објави Зоран Љутков, министер за култура и туризам.
Тој истакна дека, посебен акцент ставивме на потребата библиотеките да бидат прилагодени за лица со попреченост – не само во физичка смисла, туку и во пристапот до содржини и услуги.
Попреченоста не е ограничување, туку повик за флексибилност, хуманост и одговорност. Културните институции мора да се отворат за сите и да станат места каде различноста се прифаќа и се поддржува, потенцира министерот Љутков.