Култура Во светот на децата

Литературна манифестација „Денови на македонска литература за деца 2023“ во КИЦ на Македонија во Загреб

Планирано е да се потпише Меморандум за меѓусебна соработка до цел размена на лиценци и превод на книги за деца на хрватски и македонски јазик.

Литературна манифестација „Денови на македонска литература за деца 2023“ во КИЦ на Македонија во Загреб

Во Културно информативниот центар на Македонија во Загреб денеска ќе се одржи литературната манифестација „Денови на македонска литература за деца 2023“.

На манифестацијата ќе биде презентирана монографијата и литературата за деца како императив во десетгодишното работење на „ЕДУКА МАК“, а ќе бидат промовирани неколку понови книги за деца. Како што е најавено, обраќање ќе има директорката на КИЦ на РМ во Загреб, Наталија Поповска и програмскиот уредник на проектот, Ели Маказлиева.

Книгата за деца „Во светот на децата“ избрана на конкурсот за наградата „ Пишувалки – Патувалки“ ќе биде промовирана од страна на дел од членовите на жири комисијата присутни на настанот, а на авторката Марија Богатиновска ќе ѝ биде врачена плакета. На другите учесници и соработници во проектот ќе им бидат доделени признанија и благодарници.

Програмата  за оваа манифестација е богата со настани и програмски активности што ќе се реализираат и во текот на наредниот ден на 1о.11.2023.

Во рамки на манифестацијата, која ќе трае до 11 ноември, меѓу другото учесниците ќе посетат една детска градинка и ќе разменат искуства за користење на литературата за деца, ќе го посетат Македонското културно друштво „Охридски бисер“ и ќе разменат искуства како и ќе остварат средби со хрватски издавачки куќи на Меѓународниот саем на книгата „Интерлибер“, каде ќе реализираат меѓусебни договори за размена и превод на книги за деца.

Како што соопштија организаторите, преку проектот „Денови на македонска литература за деца 2023“ во КИЦ на РМ во Загреб се афирмира домашното литературно творештво и се придонесува за збогатувањето на културната размена меѓу Македонија и Хрватска. За таа цел планирано е да се потпише Меморандум за меѓусебна соработка до цел размена на лиценци и превод на книги за деца на хрватски и македонски јазик.

Проектот е поддржан од македонското Министерство за култура и од издавачката куќа ЕДУКА МАК од Скопје. (МИА)

Најнови вести од Култура

To top