Култура КИЦ во Белград

Вечер на современа македонска музика „Извор“, во Белград

Овој музички проект е поддржан од Министерството за култура и туризам, додека организатор на настанот е македонскиот КИЦ во Белград.

Вечер на современа македонска музика „Извор“, во Белград

Македонскиот КИЦ во Белград, на 16 јуни во 18 часот, организира вечер на современа македонска музика насловена како „Извор“.

Десет современи музички музички теми ќе бидат изведени од Марко Виденовиќ на пијано, Владимир Лазаревски на обоа и Памела Велкова на виолина. Автор на сите музички теми е Марко Виденовиќ.

Овој музички проект е поддржан од Министерството за култура и туризам, додека организатор на настанот е македонскиот КИЦ во Белград.

Концертот ќе се оддржи во соработка со Културниот центар на Белград (Кнез Михајлова бр. 6) кој ќе биде домаќин на настанот и со поддршка на Националниот совет на Македонците во Србија.

To top