Култура Куршумли ан

Концерт на „Баклава“ на Скопско лето

Препознатлива по својот автентичен акустичен звук, Баклава ќе ве прошета низ богатиот и разновиден музички свет создаван во текот на нивната 20-годишна кариера.

Концерт на „Баклава“ на Скопско лето

Во понеделник ќе се одржи концерт на „Баклава“ со почеток во 20:30 часот во Куршумли ан.

Групата „Баклава“ слави две децении музичко творештво со специјален концерт на „Скопско лето“. Препознатлива по својот автентичен акустичен звук, Баклава ќе ве прошета низ богатиот и разновиден музички свет создаван во текот на нивната 20-годишна кариера.

На концертот ќе бидат изведени песни од сите пет албумски изданија: Баклава, Калемар, Ме манкас мучо, IV и За Скопје со љубов – како музичко патување низ љубовта, традицијата и урбаниот ритам. Очекувајте вечер исполнета со искрен израз, виртуозност и длабоки емоции.

Влезот ќе биде регулиран со влезници по цена од 500 денари, кои ќе се продаваат на влез на Куршумли ан, пред почетокот на настанот.

Најнови вести од Култура

To top