Култура Денот на вљубените

Концерт „Љубов,страст-фламенко!“ со Македонска филхармнија

Како што информираат од Македонската филхармонија, оваа  година традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените го посветuvaaт  на исклучителната шпанска форма на танц, песна, инструментална изведба – неповторливото и секогаш возбудливо ФЛАМЕНКО!

Концерт „Љубов,страст-фламенко!“ со Македонска филхармнија

Овој четврток со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените, насловен „Љубов, страст- фламенко!“. Диригент е Кристијан Васкез од Венецуела, а како солистка ќе настапи фламенко пејачката Марина Ередија од Шпанија. На програмата се дела од Лорка, де Фаља и Гинастера.

Како што информираат од Македонската филхармонија, оваа  година традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените го посветuvaaт  на исклучителната шпанска форма на танц, песна, инструментална изведба – неповторливото и секогаш возбудливо ФЛАМЕНКО!

-Во срцето на шпанското фламенко е т.н. „канте“, односно традиционалната форма на песна инспирирана од животот на Циганите во јужна Шпанија.. Станува збор за т.н. „длабока песна“, како што ја нарекол познатиот шпански поет и композитор Федерико Гарсија Лоркa, велат од Филхармонија

Марина Ередија родена во Гранада, пее уште од нејзиното детство. На тринаесет години пее на фламенко-албумот за деца „Malgré la nuit“. Соработувала со познати шпански фламенко-уметници како Аркангел и Ева Јербабуена, и на уметнички проекти како во операта „De amore“ од Маурицио Сотело, која премиерно беше изведена во престижниот аудиториум „Карл Орф“ во Минхен и во театарот Зарзуела во Мадрид. Оттогаш нејзината кариера ја води на најзначајните светски сцени како: Театарот де ла Маестранца во Севиља, Гранд театарот во Кордоба, Карнеги хол во Њујорк, Палатата на музиката во Стразбур, Кристалната палата во Порто. Марина Ередија важи за една од најдобрите изведувачки на маестралното дело „Љубов волшебничка“ од Мануел де Фаља.

Кристијан Васкез е еден од најпрофилираните музички таленти од Венецуела, кој гради успешна интернационална кариера. Познат по својата харизма на сцената и по моќните изведби и музичкиот интегритет, Васкез продолжува да го привлекува вниманието на светската јавност како еден од највпечатливите диригенти на денешнината. (МИА)

To top