Култура НУ Музеј на Република Македонија

Изложба „Меморијали од Првата светска војна во фондовите и зборките на Архивот на Југославија“

Изложбата ќе ја отворат проф.д-р Наташа Котлар-Трајкова, директор на Државниот архив, д-р Милан Терзиќ, директор на Архивот на Југославија и д-р Ненад Лајбеншпергер од Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата од Република Србија.

Изложба „Меморијали од Првата светска војна во фондовите и зборките на Архивот на Југославија“

На ден 23-ти септември 2025 година (вторник), во 12 часот во НУ Музеј на Република Македонија ќе биде отворена изложбата „Меморијали од Првата Светска војна во фондовите и збирките на Архивот на Југославија“ на Архивот на Југославија и Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата од Република Србија.

Изложбата ќе ја отворат проф.д-р Наташа Котлар-Трајкова, директор на Државниот архив, д-р Милан Терзиќ, директор на Архивот на Југославија и д-р Ненад Лајбеншпергер од Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата од Република Србија.

Во рамки на настанот ќе бидат промовирани изданија од д-р Живко Аврамовски (1926-2020), историчар од Институтот за современа историја од Белград, роден во с.Непроштено, општина Теарце.

Обемниот научен опус на професорот Живко Аврамовски опфаќа повеќе монографии, студии, зборници на документи и преку сто научни трудови.

To top