Култура СИГУРНО ЧЕКОРИ ПО ПАТОТ НА УСПЕХОТ И ГРАДИ СВЕТСКА КАРИЕРА ДОСТОЈНА ЗА ПОЧИТ

ФОТО+ВИДЕО: Прва меѓународна изложба на нашиот академски музичар и градител на виолини од светски ранг Вејчеслав Поповски

ФОТО+ВИДЕО: Прва меѓународна изложба на нашиот академски музичар и градител на виолини од светски ранг Вејчеслав Поповски

Вејчеслав Поповски, нашиот талентиран академски музичар, соло пејач но и на далеку препознаен градител на виолини во периодот од 26 јуни до 05 јули на покана на проф.Марко Милетиќ, организаторот на Фестивалот НЕО (фестивал на некласична класична музика) одржа изложба и презентација на своите изработени иструменти во Културната станица Свилар во Нови Сад.

Посебна чест и задоволство е да се биде дел од еден ваков реномиран музички фестивал на кој една од истакнатите цели е и проектот „Novi Sad Connection “. Станува збор за оркестар составен од најдобрите музичари на поранешните и идните европски престолнини на културата, како и збратимените градови на Нови Сад, кои ќе се создаваат, работат и се развиваат под покровителство на фестивалот НЕО.

Во рамките на фестивалот настапуваат и два професионални оркестри: камерниот оркестар „Camerata Academica Novi Sad “и симфонискиот оркестар „Нови Сад 2021“ како резидентни оркестри на фестивалот НЕО.

Во организацијата на фестивалот посебен акцент се става на мастер-класовите, чија подготовка тече паралелно со одржувањето на концертите. Кандидатите од целиот свет можат да се пријават на мастер класи во рамките на фестивалот NEO. Тие се отворени како за професионални музичари пријавени од целиот свет така и за фестивалската публика.

На еден вака реномиран фестивал нашиот уметник кој веќе подолго време има успешна соработка со Симфонискиот оркестар на Српскиот народен театар и Музичката академија во Нови Сад, пред многу бројната публика говореше за својата голема љубов кон изработката пред се на виолините, но и на виолите но и неговите планови за изработка на виолончело. Пред многубројната публика, студенти, професионални музичари и професори, Вејчеслав ги претстави своите иструменти, што е тоа што ги прави специфични и посебни, какви беа почетоците, како ја изработи првата виолина и пред се како се добива прекрасниот тон по кој е најпрепознатлив. По презентацијата имаше и интерактивен дел каде Вејчеслав одговараше на прашања од публиката. Пред започнување на презентацијата инструментите беа изложени и гостите имаа можност да ги свират.

Посебен момент и можност за уживање на настанот беше настапот на терцетот од врвни музичари од светски ранг на виолина Роберт Лакатош и Бењамин Зиервогел и Јожев Бисак на виола, иструменти изработени од страна на Вејчеслав, кои му укажаа голема чест и почит. Исто така на виолина од Вејчеслав настапи и младата перспективна студентка Софија Главичич која е член на камерниот оркестар „Camerata Academica Novi Sad“.

Ова е фестивал кој се организира со цел да се промовира класичната музика на необичен начин, користејќи отворени јавни простори како што платото на Католичката катедрала, каде под диригентската палка на светски познатиот виолист и диригент Максим Ризанов и оркестарот „Дунавскиот синфониски оркестар “се одржа спектакуларен концерт со изведба на оркестарската суита бр. 32, „Планети“ на Густав Холст, во седум дела – секој посветен на една од планетите од Сончевиот систем. Во прекрасна магична атмосфера публиката беше дел од светлосен планетарен спектакл, каде на Католичката катедрала се прожектираа во вид на планети и сите учесници на овогодишниот фестивал, каде беше и нашиот уметник Вејчеслав кој го очекува светска кариера.

To top