Култура Крива Паланка

Драмски театар Скопје со „Чудесна терапија” на фестивалот „Св. Јоаким Осоговски”

Претставата „Чудесна терапија” е на редовниот репертоар на Драмски театар Скопје од 2019 година и настапот на фестивалот ќе биде нејзината 40 изведба.

Драмски театар Скопје со „Чудесна терапија” на фестивалот „Св. Јоаким Осоговски”

Драмски театар Скопје утре на 4 октомври, со претставата „Чудесна терапија” ќе настапи на 16 -тиот Меѓународен театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски” во Крива Паланка. Претставата почнува во 19:30 часот во Националната установа Центар за култура Крива Паланка, а фестивалот е дел од манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата за 2024″.

Претставата „Чудесна терапија” е на редовниот репертоар на Драмски театар Скопје од 2019 година и настапот на фестивалот ќе биде нејзината 40 изведба.

Фестивалот започна на 29 септември и ќе трае до 5 октомври 2024. Организатор е Општина Крива Паланка, а селекторите и оваа година подготвија атрактивна фестивалска програма со претстави од неколку национални театри како и претстави од регионот.

Крива Паланка, „Градот на културата” за 2024 година во периодот на одржување на фестивалот ќе биде домаќин на ансамблите од Драмски театар Скопје, МНТ, НТ НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев”, Куманово, НТ при НУЦК „Јордан Хаџи Константинов – Џинот”, Велес и театрите од соседните земји –  ГТ „Јоза Ивакиќ”, Винковци, Хрватска, НТ „Серија”, Вршац и уметничка работилница „Призор”, Белград и Драган Маца Маринковиќ, Република Србија како и  Општински театар, Ќустендил, Република Бугарија.

To top