Култура

Драмски театар ќе добие нов објект

Драмски театар ќе добие нов објект

На предлог на Министерството за култура и туризам на последната владина седница била разгледана информација за состојбите од штетите од невремето кои настанаа во објектот на Драмскиот театар Скопје.

Владата го задолжила Министерството за култура и туризам, согласно предвиденото во Програмата за работа на Владата 2024-2028 година, во Годишната програма за инвестиции во културата да планира ревидирање на реализација на проект за изградба на нов објект на местото на постоечкиот објект на НУ Драмски театар во Скопје.

To top