Култура Струга

БЕСКОНЕЧНА СЛОБОДА – осмо издание на фестивалот на краток филм „Drim Short“

Осум лета, една идеја за бесконечност. „Слободата“ денес е тема која често се користи, а ретко се ползува. Слободата, која е безброј пати злоупотребена,
погазена, украдена и прелажана. Слободата, која денес е заробена од „слободниот свет“, потенцираа од Дрим Шорт.

БЕСКОНЕЧНА СЛОБОДА – осмо издание на фестивалот на краток филм „Drim Short“

За вљубениците во филмската уметност и бесконечноста, со огромно задоволство го најавуваме 8-то издание на фестивалот за краток филм „Drim Short 2024“, кој оваа година ќе се одржи од 8-ми до 11-ти август во Струга, стои во соопштението на Дрим Шорт.

-Осум лета, една идеја за бесконечност. „Слободата“ денес е тема која често се користи, а ретко се ползува. Слободата, која е безброј пати злоупотребена,
погазена, украдена и прелажана. Слободата, која денес е заробена од „слободниот свет“, потенцираа од Дрим Шорт.

Од таму нагласија дека осмото издание на фестивалот ќе се одржи со идејата за „Бесконечна слобода“, за оние кои измислуваат нови универзуми и за оние кои патуваат низ нив, за оние кои веруваат и за оние кои не веруваат. Слободата е болест што не се лекува. А филмот е една бесконечност од светови, фантазии и имагинации, во кои слободата не завршува онаму каде што почнува слободата на другиот. Денес кога реалниот свет е посуров од филмската фикција, тогаш бесконечноста е нашиот придонес кон слободата.

-Фестивалската програма ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во интернационална, регионална, студентска поддржана од Europe House Struga и специјална програма „Соочување со минатото“ во соработка со Форум ЗФД Скопје, во селекција на нашиот драг соработник Иван Бакрач. Со цел промоција на македонскиот филм и македонските филмски автори, фестивалот и оваа година ќе ја претстави програмата „MK Special“ чиј победник го избира публиката. Фестивалот продолжува со VR програмата каде ќе се прикажат три кратки филмови во специфичен формат, стои во соопштението.

Во едукативниот дел од фестивалот ќе проследиме два мастеркласови со Ено Милкани и Иван Бакрач, како и една дискусија за филм на тема „Соочување со минатото” во соработка со Форум ЗФД Скопје, на која ќе учествуваат филмски уметници од регионот. Музичката програма оваа година ја посветуваме на македонската музика. Фестивалот ќе го отворат нашите драги Фолтин со целовечерен концерт, додека фестивалот ќе го затвори групата Искра, која со себе носи информации од иднината, нотираа од Дрим Шорт.

To top