Вести

Командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, во посета на Република Македонија и Армијата

Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, од денеска до 11ти декември ќе престојува во официјална посета на Република Македонија и Армијата, информираат од АРМ.

Генералот Најт, на ден 09.12.2025 година (вторник), по пречекот со високи воени почести, ќе оствари средба со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во текот на престојот, согласно агендата, предвидена е и средба со претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова како и со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Во рамки на посетата, командантот на Националната гарда на Вермонт ќе ја посети и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, каде се предвидени средби со раководството на Академијата, стои во соопштението на македонската армија.

Најнови вести од Вести

To top